Ел Чека му врати на Заев: Твојот проблем е што пропадна планот за рекетирање и уценување!
Објавено на 17/07/2019 во категоријата Македонија од e-post
Откако денеска Премиерот Зоран Заев му одговори на Ел Чека дека ќе одговора за објавувањето на бомбите, и ги повика да објави доколку и за него има бомби, не чекаше многу човекот под псевдонимот „Ел Чека“ да стави статус за Премиерот Заев.
Тој стави неколку статуси, со кои се обраќаше на Премиерот.
„Зоран Заев знам кој ти е проблемот. Неуспехот на организираниот криминал што го имаше со СЈО. Пропадна планот за рекетирање и уценување! Сум ги прекршил законите, тогаш “да ти ги **ам законите” на таа држава што ги ослободува криминалците, а секој ден ги држи Албанците во затворите. Не заборавај земи го Али со Николче и дојдете навака. Мртви тела од денот кога дојдовте!“, напиша Ел Чека на Фејсбук.
Извор: https://tv21.tv/