-0.2 C
Tetovo
E diel, 24 Nëntor, 2024
BallinaLajmeDW NXJER BLOF B.OSMANIN DHE QEVERINE ZAEV / Hani deklaron - Maqedonia...

DW NXJER BLOF B.OSMANIN DHE QEVERINE ZAEV / Hani deklaron – Maqedonia e Veriut dhe Shqipria fillojnë me fazën parapërgaditore jo me marje datë …

linku

https://www.dw.com/mk/%D1%85%D0%B0%D0%BD-%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-48177721

lajmi interaktiv

Sa per sqarim te thesh dhembet per pushtetaret qe nuk dijne te lexojne lajmet a paguhen nga xhepi yne eshte pune sizifi,pastaj plus ,Qeveria e RMV ka PI-AR agjensione qe paguhen shume shtrenjte dhe detyra e tyre eshte se plus duhet te percjellin edhe deklaratat politike ditore te nderkombetareve plus edhe ato minut pas minuti vendoret dhe ta njohtojne qeverine qe te jete e pergaditur per deklarat PRO ose ANTI,por si duket parat e mara nga taksapaguesit e Maqedonise Veriore i kane harxhuar …dhe me mosveprimin ne kohe qeverine e nxjerin bllof ose mbase i kendet qeverise qe te bleje kohe me deklarata sqaruese …lexojeni deklaraten ne gjuhen maqedonase qe percjell DW por mos i tregoni B.Osmanit se …

РекламаТЕМИ МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА

Хан е за почеток на подготвителна фаза за преговори со Северна Македонија

Треба да се почне со подготовките за преговори за приклучување на Северна Македонија во ЕУ, изјави еврокомесарот Јоханес Хан пред Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент.

Europaparlament Anhörung Johannes Hahn (picture-alliance/dpa/Julien Warnand)

Северна Македонија е единствена земја во регионот која сега нема отворен билатерален спор, оцени еврокомесарот за проширување Јоханес Хан пред европските пратеници и се заложи за почеток на подготовителна фаза за преговори на земјата со ЕУ:

„Мора да се има предвид долгорочната перспектива. Ние како Комисија на крајот на мај ќе го презентираме нашиот годишен извештај за напредокот, односно ситуацијата во секоја земја од регионот, плус Турција. Претпоставуваме дека, врз основа на она што го набљудуваме, ќе дадеме официјална препорака за почеток на подготовките за преговори за приклучување, како со Северна Македонија, така и со Албанија. Тоа ми се чини повеќе од соодветно, особено по позитивниот развој во Северна Македонија. Уште пред една година имавме позитивен принципиелен став на 25 до 26 земји по ова прашање и сега прашањето на името е во доволна мерка решено и според мене треба и мора да го преземеме наредниот чекор.“

Хан потенцираше дека кога партнерите ги исполнуваат задачите и критериумите, „тогаш и ние треба да го исполниме она што е неопходно, зашто тоа е прашање на нашата веродостојност“: „Ако партнерите си ги исполниле условите за почеток на преговори, тогаш и ние треба да реагираме позитивно.“

Обраќајќи им се на оние кои изразуваат загриженост дека дел од земјите кои претендираат да станат дел од ЕУ можеби веќе набргу ќе бидат дел од европското семејство, Хан рече дека преговорите за приклучување со Хрватска траеле осум години и дека тој не смета оти со другите земји преговорите би биле пократки, туку претпоставува дека „најверојатно ќе траат подолго“.

Врз основа на искуствата од претходните проширувања, рече Хан, „не е доволно нашите партнери само да носат закони“, туку тие закони треба и „да се спроведуваат“: „На пример, во делот на борба против корупцијата сите овие земји имаат закони кои одговараат на нашите стандарди, но прашање е како тие се спроведуваат“, нагласи тој.

Еврокомесарот во одговорите на прашањата кои му ги поставија пратениците во ЕП се осврна и на прашањето на едногласноста која е неопходна за носење одлуки во ЕУ. Тој рече дека е длабоко уверен оти „конечната одлука за тоа дали една земја треба да добие полноправно членство треба да биде донесена едногласно, затоа што станува збор за фундемантално прашање – дали ќе го проширам семејството или не“ и дека тоа веројатно треба да важи и на почетокот, при одлучувањето за почеток на преговори, но дека во фазата помеѓу, односно додека траат преговорите, можеби треба да се размисли за носење одлуки со квалифицирано мнозинство, зашто „ние една третина од времето трошиме во убедување една или две земји во некој од заклучоците“.

DW.COM

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular

Recent Comments