Shkendija deri tani ka fituar 540,000 euro për dy ndeshjet në kupën e kampionëve evropianë të futbollit këtë verë. Për Maqedoni GjP, Shkupin dhe Akademinë P. do të mbeten nga UEFA nga 240,000 euro. Këto janë çmimet për përfaqësuesit e Maqedonisë për pjesëmarrje në kualifikimet për Ligën e Kampionëve dhe për Ligën e Evropës (LE) sipas klubeve të UEFA-s për garat e klubeve për sezonin 2019/20. Duke vënë në dukje se Tetovarët mund të arrijë deri në një milion varësisht nga efekti i mëtejshëm në LE.Kampioni maqedonas, pavarësisht eliminimit tronditës nga Nomhe Kalyu në Ligën e Kampionëve, do të mbledhë 280,000 euro, si dhe do të marrë plus 260,000 euro për ndeshjen e dyfishtë me Divelanzhe në raundin e dytë kualifikues për LE. Nëse ai arrin të kalojë rivalin nga Luksemburgu, ai do të inkasoje 280,000 euro shtesë. Renditja, megjithatë, në playoffs në LE për Tetovarët “kuq-zi” ishte si mëngjes i mirë në tre sezonet e fundit do të sjellë së paku 300,000 euro në rast të një humbjeje…
УЕФА награди: За Шкендија досега 540.000 евра, за Македонија Ѓ.П., Шкупи и Академија П. по 240.000
Шкендија досега заработи 540.000 евра за настапи во европските фудбалски купови ова лето, Македонија Ѓ.П., Шкупи и Академија П. ќе останат на 240.000 евра. Ова се наградите за македонските претставници за учества во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ) и за Лига Европа (ЛЕ) согласно буџетите на УЕФА за клупски натпреварувања за сезоната 2019/20. Со напомена дека тетовци би можеле да стигнат и до милион во зависност од натамошниот ефект во ЛЕ.
Македонскиот првак, без оглед на шокантната елиминација од Номе Калју во ЛШ, ќе инкасира 280.000 евра на кои ќе добие плус 260.000 евра за самиот двомеч со Диделанж во второто квалификациско коло за ЛЕ. Доколку успее да го мине ривалот од Луксембург, ќе прокнижи дополнителни 280.000 евра. Пласман, пак, во плејофот во ЛЕ што за тетовските „црвено-црни“ беше како добро утро во изминатите три сезони ќе им донесе, во најмала рака, уште 300.000 евра во случај на пораз.
Останатите три македонски репрезенти ќе добијат по 240.000 евра колку што е наградата за само учество во прво квалификациско коло за ЛЕ. Пласман во главната фаза „тежи“ 2,92 милиона евра, а првото место во група ќе значи и бонус од еден милион евра додека наградата за второ место е 500.000 евра. Секој триумф во групната фаза ќе се вреднува со 570.000 евра, а реми со 190.000 евра.
Минување на групите и пласман во шеснаесетфиналето носат 500.000 евра, во осминафиналето – 1,1 милион евра, во четврт-финале – 1,5 милион евра, во полуфинале – 2,4 милиона евра, за финалистите се предвидени по 4,5 милиони евра, а за освојувачот на ЛЕ уште 4 милиони евра.
Драстична е разликата во финансиските премии во ЛШ иако остануваат исти како и за минатата сезона. Учество во првото коло е 280.000 евра, во второто – 380.000 евра, а во третото 480.000 евра. Ставката за 12. учесници во плејофот (т.н. траса на шампиони и т.н. траса на нешампиони) е планирана на 30 милиони евра, па поразените во таа фаза, покрај учество во ЛЕ, ќе наплатат по пет милиони евра.
Победниците, пак, покрај учество во главната фаза во ЛШ, ќе добијат по 15,25 милиони евра. Секоја победа во групите ќе носи по 2,7 милиони евра, а секој бод по 900.000 евра. Наградата за пробив во осминафинале е 9,5 милиони евраво четврт-финале – 10,5 милиони евра, во полуфинале – 12 милиони евра. Победа во финалето ќе вреди 19 милиони евра, поразената екипа ќе заработи 15 милиони евра.
Според ваквата структура на приходи, освојувачот на Лигата на шампиони, од учество и од постигнати резултати, максимално може да заработи 82,5 милиони евра. И тоа од самите настапи на терен иако е тешко веројатно дека еден клуб може да победи во сите натпревари. Во оваа финансиска конструкција не влегуваат приходи од ТВ права, приходи од маркетинг, приходи од продадени влезници, итн.
Вкупниот буџет на УЕФА за новата сезона изнесува 3,25 милијарди евра од кои 2,4 милијарди се планирани за ЛШ. Износите се транспарентно објавени од централата на Европската фудбалска асоцијација. Вкупната финансиска конструкција за Лига Европа е 510 милиони евра, за Суперкупот и организациски трошоци се проектирани 295 милиони евра, а во т.н. „солидарен фонд“ ќе бидат насочени 227,5 милиони евра или 7 отсто.