СЕТЕТЕ СЕ ДЕКА ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА ЧИНИ МИЛИОН ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД ПРВОТО НОВО УЧИЛИШТЕ ПО ПОЛА ВЕК ВО КАПИШТЕЦ, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГДАНОВИЌ
September 3, 2019 17:15 |
Од денеска во скопската населба Капиштец отворено е новото основно училиште „Киро Глигоров“. Ова е прво училиште изградено во Општина Центар после 50 години, со модерен дизајн и архитектура според највисоки стандарди и чини 5,5 милиони евра.
„
Оваа власт за разлика од претходната на ВМРО-ДПМНЕ, парите на граѓаните ги вложува во проекти кои навистина им се потребни. Како за споредба, Триумфалната порта која е бетон и стиропор, притоа за ништо не служи, чинеше 6,5 милиони евра. Ние за ова училиште кое е најсовремено во регионот, потрошивме еден милион евра помалку. Oва училиште го решава повеќедеценискиот проблем на жителите од Капиштец, кои повеќе нема да треба да ги носат своите деца во училишта во другите населби“, рече градоначалникот Богдановиќ на денешниот брифинг.
Повеќе на САКАМДАКАЖАМ.МК