Bashkësia Fetare Islame e Maqedonisë-Исламска Верска Заедница на Македонија
РЕАГИРАЊЕ
Мухамед Зеќири и политиката, по далеку рацете од Исламската Верска Заедница
Муфтиите на Муфтиствата на Исламска Верска Заедница на Република Северна Македонија, најостро реагираат на изјавата на Мухамед Зеќири, пратеник и заменик претседател на СДСМ за клеветите и шарените невистини и небулози искажани во однос на имамите и членовите на највисоките тела и органите на ИВЗ.
Вистината секогаш е во спротивно со изнесената тешка невистина, и затоа без да сакаме да влеземе во некоја непродуктивна дебата, апелираме кај секој назначен функионер на јавна функсија, свесно да си ги изработи своите должности и ветувања кон граѓаните и институциите.
Поради овој факт, сакаме да го потсетиме пратеникот Зеќири дека пред да се занимава со внатрешното уредување на ИВЗ, дека ИВЗ е уставна категорија во државата, докажана со своето работење и делување. Тој како дел од владините структури и раководител на државни институции треба да почне да ги решава проблемите за кои со години не добиваме одговор, а сега како функсионер е должен и да ги решава истите.
Наместо тоа, вие ја предводите хајката против ИВЗ и Реисот во која што сте ги вклучиле и Обвинителството, Хелсиншкиот Комитет и медиумите. Исто така, постојат озбилни сомненија дека вие соработувате со пучистите што ја нападнаа ИВЗ и се сретнувате со нив во владини простори.
Поради тоа што си медресант, ние муфтиите сме потресени од твојот однос и ке размислиме да ја поништиме дипломата добиена во Медресе. А за да имаш појасна слика за проблемите со кои се соочуват твоите поранешни колеги медресанти, те потсетуваме–
– Медресето Иса Бег, и понатаму не е акредитирана од Министерство за образование како средно училиште, а твоите колеги медресанти после завршување се соочуват со затворени врати од нашите универзитети и тоа е голема штета не само за медресето туку и за целото муслиманско општество во РСМ.
– Со години стои нерешен проблемот со голем број џамии во земјата како Јени Џамија во Битола, Хусамедин Џамија во Штип, Орта Џамија во Струмица, Чарши Џамија во Прилеп, Алипашина Џамија во Охрид, кој и покрај соодветни документи со кој може да се потврдува сопственоста, не & се враќаат на ИВЗ.
– Продолжува децениска битка за изградба на џамија во село Лажец, битолско, каде што муслиманите и ако со ист број со православните верници во тоа село, немаат џамија, а во селото има две цркви.
– И покрај тоа што ова година “славевме” 20 години процес за денационализација, барањата на ИВЗ и натаму не се процесираат во законски рокови и со тоа нас ни се прави голема штета.
– Крстовите на Саат Кулите во Прилеп и Битола, продолжуваат да зборуваат за една дискриминаторска политика на овие институци кон нас. Време е да размислите као да се остранат истите.
– Разни државни институции продолжуваат да создават секојдневни вештачки проблеми што за нас претставува провокација.
– На сите верски уставни заедници, државата им обезбеди место за резиденција, ИВЗ уште ја чека истата.
Тоа се само дел од секојдневните проблеми со кои ние се соочуваме секој ден, секоја година, секоја деценија, и на место непродуктивни критики преку јавните медиуми, Ваше е, да почнете да превземате активности за подобрување на меѓуетничката и меѓуверската кохезија и развивање на демократските и граѓанските вредности во РСМ.
Овие проблеми се дел и од ветувањата на оваа реформска Влада во која и вие имате значителна улога.
За крај, Ваше е, на место критики, да почнете со работа и да ги решавате и овие проблеми кои ги тангираат сите муслимани во земјата. Се друго е дневно политичко профитерство од кое ние се оградуваме. А ние како муфтии на муфтијствата на ИВЗ, го подржуваме до крај Реисул Улема х. Сулејман еф. Реџепи бидејќи тој е докажана личност во змејата и надвор од неа, носител на голем број признанија и пофалби за неговата конструктивна работа во правец на унапредувањето на состојбата на муслиманите и на верскиот живот. Ние, исто така цврсто ја подржуваме ИВЗ како единствена институција што се грижи за организирање на исламскиот живот во РСМ со посебна пожртвуваност и убедување.