9.1 C
Tetovo
E enjte, 28 Nëntor, 2024
BallinaOpinionGordan Georgiev në kolumnën për DW thotë PSE JO EDHE PROREKTORAT

Gordan Georgiev në kolumnën për DW thotë PSE JO EDHE PROREKTORAT

linku https://www.dw.com/mk/%D0%BD%D0%B0-%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D1%84%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BC%D0%B5-%D1%81%D0%B5%D0%B3%D0%B0/a-49612961-0?fbclid=IwAR2WYVpZcKU9LlCL_KHLU7ud4HbfqiKSwVZWAak2lpf35bRK5FVb5JDLeLE

Profesori universitar dhe ish nënkryetari i LSDM-së Gordan Georgiev në kolumnën për Dw përmend edhe prorektoratin për Maqedoninë e Veriut,pra po shtohen zërat se si zgjidhje të lëmshit dhe paaftësisë së politikanëve dhe ngërçin poltik ,duke parë posaçërisht ndodhitë e fundit në PSP dhe reketimet nga njerës të afërt me Katica Janevën dhe dyshimet mbi punën e Kryeprokurores speciale Katica Janëvës…shkruan G.Georgiev se pse jo edhe Prorektorat

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

На што да се фатиме сега?

Опелото кое го одржа денес Ленче Ристоска колку и достоинствено и стоички да беше доживеано, е сепак само последниот чин пред погребот на СЈО. Пишува Гордан Георгиев

Gordan Georgiev (privat)

Сето ова ќе заврши еден ден. Некој ќе памти, останатите ќе злопамтиме. Зло ни беше нанесено, резидентно зло. Во недостаток на пристојна религиска понуда, ни ја уништија вербата во самите нас, која претходно им ја бевме подариле токму ним. Верба и надеж дека нешто важно сме направиле, дека нашиот глас се слушнал и се слуша, дека нашата сплотеност верувајќи силно во нешто имала смисла. Чуму ни се овие шутраци зад решетки (ако се шутраци и ако бидат зад решетки, почитувајќи ја таа проклета и бесмислена презумпција на невиност) ако немаме повеќе за што да се фатиме. Ја гледам Ленче на пресот, ја чувствувам Фатиме како се снебива од некоја плажа и си велам, нешто ми вели да си велам: па чекај, овие луѓе не се лоши, не изгледаат нечесно, не е можно да се нечесни. Сигурно се насамарени, брутално насамарени, и сега така несмасно мораат да се оградуваат од шефицата. Или да се фатиме за Русковска и Јовески, кои делуваа прилично стамено, одлучно и професионално, поткрепени од нивните длабоки бразди на лицата, одраз на нивното искуство во работата. Не, веќе немаме за што да се фатиме. Се водиме од дневни или минутни импресии за тоа каква изјава дал некој, дали изгледал суверено, дали ни личело дека ја кажува вистината, дали е убав и одморен дента или пак подочниците го издаваат дека имал непроспиена ноќ… И утредента нови и нови разочарувања. 

Кои се опциите? 

Ако ова СЈО, кое како питомо месо се закачи на дивото месо наречено македонско правосудство, не успеа да ја исполни задачата, туку напротив длабоко и трајно се само-компромитираше, со сета поддршка што ја имаше од јавноста и од секојдневниот радар на странците, тогаш џабе ни се надежите дека некакво друго и ново СЈО со некаква друга и нова Катица ќе има подобра стартна позиција да ја врати состојбата на почеток. Отткука, опелото кое го одржа денес Ленче, колку и достоинствено и стоички да беше доживеано, е сепак само последниот чин пред погребот на СЈО. Колку побрзо ја осознаеме оваа вистина, толку побрзо ќе можеме да се присобереме и да видиме што ќе правиме понатаму.


А понатаму немаме премногу опции. Опциите за намалување на штетата по владата или по партијата не се опција за големото мнозинство граѓани, верувајте. Единствени можни опции се оние кои би можеле да ја оправат сегашната штета, без разлика како тоа оправање ќе влијае на владата или партијата. А и Европјаните остануваат без опции. Што ќе каже сега Холандија на пример, таа наивна лулка на правдата, која безмилосно и условувачки го поддржуваше токму ова СЈО со токму оваа Катица? Што ќе каже Европската Комисија? По кои тоа европски престолнини ќе се растрчуваат нашите министри и со која аргументација ќе настапуваат за добивање на датум во октомври? Ако мислат да настапат со денешниот несмасно срочен фаст фуд пи-ар дека токму сегашниве процеси се доказ дека постои правна држава, па тоа ќе биде навистина смешно.
Што треба да правиме понатаму?
Доколку Зоран Заев одлучи да не поднесе оставка како резултат на крајна немоќ да се справи со канцерот кој го опкружува, тогаш треба да повика меѓународна (хуманитарна) помош за хуманитарната катастрофа со која се соочува македонскиот народ и нација. Да ја признае немоќта да се додржи системот кој претходно детално некој друг го распадна, да се извини за илузиите што ги имал дека може да се оправи работата, и да повика цел контингент Прибевци од нашите пријателски држави, на кои веднаш ќе им додели (привремено ако треба) македонско државјанство. Ние тоа ќе го разбереме и поддржиме. Да соопшти дека ваква каква што е, Република Северна Македонија не сака и не е подготвена да отпочне преговори со ЕУ сега во октомври. И дека ни треба време за длабока интроспекција и внатрешно консолидирање за да можеме чесно да тропнеме на вратите на ЕУ. Контингентот Прибевци да се распореди по сите институции во коишто тие ќе одлучат дека треба да се распоредат, со инокосно право да влијаат на одлуките на врвните раководители на тие институции. Премиерот на РСМ секое утро да пие кафе со контингентот Прибевци и да одржува дневен брифинг на тема „состојбата во институциите на системот“. 

Сакаме протекторат!
Протекторат!?! Да, да, сакаме протекторат! Ни треба заштита од самите себе. 
Оти само што го превзема кормилото на економскиот владин брод, ветувајќи или најавувајќи дузина краткорочни популистички мерки кои брзо би ги осетиле граѓаните, тоа кормило удри во подводната карпа наречена правна држава. Како што и секојпат претходно сите кормила удирале во истата таа проклета карпа. 
Најпарадоксалниот момент е дека денес, единствениот кој буди надеж за санирање на последиците од оваа тешка хаварија која ни се случува е токму премиерот на РСМ. Тоа е толку очајничка позиција за сите нас. Тоа личи на бинго бројчето кое никогаш не се паѓа. Но тоа е така и тука нема иронија. Дали навистина јас го пишувам ова? Надежта последна умира…
Надежта е чудна работа. Таа навистина последна умира, та Исус е највеличествениот доказ дека надежта живее и после смртта. По неколкупати одложената и одложувана смрт на македонското правосудство, нам ни треба нова надеж. Не, тоа не е обична ПР флоскула за да  се купи време. Владата добро знае дека времето е поминато. Сега се спасува она што може да се спаси. Заев кажа дека не сака втор мандат, туку дека е дојден да ги заврши работите. Ете му можност да ги заврши работите и да го исполни својот месијанизам. Не знам што ќе прави и дали знае тоа да го прави, но од денес до последниот ден од својот мандат, Зоран Заев не треба да потроши ниту еден ден за спасување на сопствениот рејтинг или за одржување на подобра позиција на владата или партијата. Наспроти контра-советите што ќе доаѓаат од безмалку сите околу него. Тој треба секој божји ден да го искористи во оправање на државата, и да мисли интензивно и длабински во таа и само во таа насока. Неговите блиски кои се колнеа на верност и катадневно ги покажуваа лузните од борбата де факто го распродаваат на секоја можна тезга. Таму нема што повеќе да бара. А дали на Заев можеме да му веруваме?!? Уф, не знам, надежта последна умира. Јас уште малку одбирам да живеам во надеж.
Господ да ја чува Македонија, иако ние секојдневно покажуваме дека не сме деца господови, ние сме отпадници од родот свој.

RELATED ARTICLES
- Advertisment -

Most Popular

Recent Comments